ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Демонстранти бараат оставка на шпанскиот премиер

Стотици луѓе се собраа во центарот на Мадрид на повик за поддршка на иницијативата за недоверба на Владата на премиерот Маријано Рахој.

Незадоволните од владеењето во  Шпанија се собраа на плоштадот “Пуерто дел Сол” и скандираа “Оставка”.

Левичарската партија “Подемос” поднесе барaње до парламентот за  гласање недоверба на владата на Рахој.

Мотивот се безбројните скандали и истраги за корупција против членови на владејачката Народна партија.

 

Од “Подемос” се надеваат дека пратеници на социјалистите ќе ја поддржат иницијативата за недоверба, бидејќи тие го немаат потребното мнозинство

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.