Доколку некогаш планирате да патувате во Јапонија, би можел да ве изненади начинот на кој персоналот на тамошните аеродроми постапува со багажот на патниците.
Имено, на една снимка, која неодамна се појави и многу бргу се прошири на социјалните мрежи, се гледа како вработена на аеродром во Јапонија ги прегледува куферите што излегуваат на подвижната лента и секој одделно го брише со крпа.
Не е познато на кој јапонски аеродром е направена оваа снимка, но секако покажува дека Јапонците се подготвени максимално да се грижат за оние што доаѓаат да ја посетат нивната земја.
Јапонскиот пример е вистинска спротивност од неодамнешниот случај регистриран на лондонскиот аеродром „Лутон“ за кој во Велика Британија имаше бурни реакции во јавноста.
Имено, еден патник со помош на својот телефон снимил на кој начин се истовара багажот на патниците од авионите. На снимката се гледа како вработените ги фрлаат куферите како да се вреќи за ѓубре.
ИНТЕРЕСНОСè започна кога еден ден ми се појави Св.Петка: На Љиљана Хабјановиќ овој повик засекогаш ѝ го промени односот кон животот
ИНТЕРЕСНОУдрил со рака по лицето на Богородица и веднаш ослепел: Иконата со неверојатна моќ за која многумина не знаат







