Исклучително опасна акробација на група туристи ќе заврши на суд, пренесуваат светските медиуми.
Имено, компанијата „Ројал Карибијан“ сака да поднесе тужба против група туристи кои го снимале својот пријател како скока од 11-тиот кат на бродот во морето.
По оваа егзибиција, која, за среќа, минала без последици, капетанот ги исфрлил несовесните туристи од бродот, а потоа компанијата ги ставила на црна листа, што значи дека до крајот на животот им е забрането крстарење со „Ројал Карибијан“.
Дваесет и седумгодишниот Ник Најдев во морето скокнал од височина од 30 метри, додека бродот бил закотвен на Бахамите. Неговите пријатели го снимиле, а потоа видеото го споделиле на социјалните мрежи.
Видеото за кратко време доби многу прегледи и го привлече вниманието на светската јавност, но повлече и голем број на критики.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
ИНТЕРЕСНО„Мамо, не сакам да си одам“: Исповед на Македонка која ја испрати ќерката во странство – овие зборови ќе скршат многу мајчински срца10/11/2026
ИНТЕРЕСНОЕфикасно намалете ја сметката за струја: Како климата да ви работи постојано, а да не ве чини ништо10/11/2026
НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ








