Услугата за електронска пошта, Gmail, неодамна мина низ долго очекуваниот редизајн со голем број на корисни функции особено за апликацијата за мобилни уреди.
Откако на веб-сервисот се појави опцијата „snooze“, таа дојде и на апликацијата Gmail, но засега само за Андроид уреди.
Пристап до опцијата „snooze“ во мобилната верзија на Gmail се обезбедува со допир на тритe точки во горниот десен дел од пораката.
Кога ќе допрете на нив и потоа на „snooze“ ќе можете да изберете за колку долго сакате да го одложите пристигнувањето на одредена порака: за неколку часа, неколку дена или повеќе. Доколку не ви одговара ниту една од предложените опции, можете да внесете датум по желба.
Доколку опцијата „snooze“ ја користите на веб верзијата, до неа се доаѓа со кликнување на часовникот во новото лебдечко мени кое се појавува кога со стрелката од глувчето ќе минете преку пораката.
Опцијата „snooze“ за Gmail на Андроид е достапна само за еден дел од корисниците, бидејќи станува збор за процес на ажурирање кој ќе се одвива етапно.
ИНТЕРЕСНОСè започна кога еден ден ми се појави Св.Петка: На Љиљана Хабјановиќ овој повик засекогаш ѝ го промени односот кон животот
ИНТЕРЕСНОУдрил со рака по лицето на Богородица и веднаш ослепел: Иконата со неверојатна моќ за која многумина не знаат







