Се зборува дека Ванѓа ја предвидела смртта на принцезата Дајана, Хитлеровиот и Сталиновиот неславен крај, нападот на трговскиот центар во Њујорк, распадот на СССР, датумот на смртта на бугарскиот крал Борис III како и датумот на сопствената смрт.
Бугарската пророчица баба Ванѓа “го видела светот“ до 5079-та година за кога го предвидела крајот на светот. Според нејзините пророштва, крајот на светот ќе следи откако луѓето ќе одлучат да ја преминат границата на вселената
Таа вака ги предвидела случувањата на планетата Земја :
– 2028-та, луѓето ќе полетаат кон Венера, а ќе бидат пронајдени и нови извори на енергија. За пет години, односно во 2033-та година, ќе се зголеми нивото на светските океани проследено од топењето на мразот и поплавите.
– 2043-та, со Европа ќе владеат муслиманите.
– 2046-та сите човечки органи ќе се создаваат по вештачки пат.
– 2066-та, во текот на муслиманскиот напад на Рим, САД првпат ќе примени ново климатско оружје, со кое ќе дојде до нагло заладување. Баба Ванѓа го предвидела и враќањето на комунизмот во 2076-та година.
Предвидела и некоја необична болест која ќе се појави во 2088-та година, стареење во неколку секунди.
– 22-от век е време на живите роботи.










