ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Што се случува во Македонија: По Гостивар – во уште еден град забрането пиење вода од градски водовод

Жителите на Валандово добија итно предупредување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење, откако лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен.

Од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово информираа дека испитувањата, спроведени од Институтот за јавно здравје – Скопје, покажале дека водата во моментов не ги исполнува условите за безбедна употреба како вода за пиење.

Надлежните апелираат граѓаните строго да ја почитуваат препораката и до ново известување да не ја консумираат водата од градскиот водовод. Водата засега може да се користи исклучиво за технички потреби.

Во меѓувреме, ЈП „Комунален сервис“, во координација со здравствените институции, спроведува дополнителни анализи и контроли на повеќе точки од водоводната мрежа со цел да се утврди причината за зголеменото ниво на арсен и да се потврди кога водата повторно ќе биде безбедна за пиење.

Од претпријатието најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по добивањето на новите резултати и по потврдата дека водата повторно е исправна за употреба.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.