ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

На факултет останала без пари и направила РАДИКАЛЕН потег: 20 години подоцна, една девојка тропна на нејзината врата и штом ја виде сè беше јасно

Елизабета Габа уште од  својата 18та година беше во потрага по донатор на јајце клетки, благодарение на што таа дојде на овој свет. Елизабет сакаше да ја види својата биолошка мајка.

И приказната оди вака – студентката Ејми Трокмортон, како и секоја студентка, била во финансиски потешкотии кога дознала дека донацијата на јајце клетки супер се плаќало. Таа размислувала малку и решила да го стори тоа.

„Кога донирате јајце клетки, не знаете со сигурност дали ќе се користи или не, па цел живот ќе го поминете прашувајќи се дали имате биолошко бебе некаде што не знаете“, вели Ејми.

Елизабет за нејзиниот 18-ти роденден од нејзините родители добила слика од Ејми како студентка во базенот, како и информација дека Ејми дипломирала на колеџ во 1999 година и била член на сестринството.

Со тие информации, таа ја почнала потрагата по неа. И беа потребни две години да ја пронајде, со помош на нејзините соученици од сестринството кои многу и помогнале.

Кога конечно се споија, беше потврдено дека крвта не е вода и дека мајката и ќерката, иако никогаш не се виделе меѓусебно, споделиле многу сличности. Покрај тоа што и двете биле членови на исто сестринство, и двете се занимаваат со пеење.

Не само тоа – обајцата сакаат птици и секогаш се подготвени да научат нешто ново за нив.

„Отсекогаш се прашував каде е мојата опсесија со птиците и сега ми е јасно“, вели Елизабета.

Нивната средба беше трогателна и придружена со фотоапарати. Ејми има три деца денес, но вели дека е исклучително задоволна што ја запознала својата биолошка ќерка, со која што сè уште е во контакт и за која вели дека е „нејзина најдобра пријателка со која дели 50 проценти од генот“.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.