Опуштено капење на Бахамите се претвори во драматична ситуација што оваа 19-годишна манекенка долго ќе ја памети.
Манекенката и студент Катарина Зарутски пливала заедно со nurse ајкулите на Бахамите.

Пливајќи, една од ајкулите ја гризнала за раката, а потоа ја повлекла во длабочините на водата.
Катарина, која првпат имала искуство со пливање со овие ајкули, кои се сметаат за безопасни за луѓето, останала смирена за време на инцидентот. Брзо ја извадила раката од водата за крвта да не ги привлече и другите ајкули.
Во разговор за Би-би-си таа открива дека била многу исплашена, но истовремено и свесна дека мора да остане смирена за да излезе од водата неповредена.
„Среќна сум што ја имам раката“, вели таа и дополнително како среќна околност го наведува тоа што ајкулата ја гризнала за овој дел од телото.
Манекенката објасни дека влегла во водата со ајкулите кога видела дека локалните жители ги хранат, поради што ѝ се чинело сигурно да плива покрај нив.
ИНТЕРЕСНОСè започна кога еден ден ми се појави Св.Петка: На Љиљана Хабјановиќ овој повик засекогаш ѝ го промени односот кон животот
ИНТЕРЕСНОУдрил со рака по лицето на Богородица и веднаш ослепел: Иконата со неверојатна моќ за која многумина не знаат







