Еден од најубавите градови во светот, холандската престолнина Амстердам, има голем проблем – гумите за џвакање се насекаде.
Секоја година околу милион и пол килограми гуми за џвакање ги преплавуваат холандските улици, со што тоа е вториот најчест отпад во земјата, по догорчињата од цигари.
Холанѓаните сега одлучија оваа маана да ја претворат во доблест и ги направиле првите патики од рециклирани гуми за џвакање собрани од улиците на Амстердам.
Компанија за производство на гуми за џвакање воедно стана и првата компанија за рециклирање, а новите гумени чевли се направени од речиси 20 проценти гума за џвакање.
Патиките за продажба ќе бидат достапни од јуни во Hudson’s Bay Department во Амстердам.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
ВИДЕО(Видео) Потресно видео: Децата се расплакаа кога им кажаа дека ќе одат на одмор во Македонија за Велигден – тежок е животoт во туѓина03/06/2025
ВИДЕОВИДЕО: Не можел да им верува на своите очи – за неколку минути илјадници пчели му го нападнале автомобилот
28/09/2020
НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ






