ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Измешала две состојки за чистење на бањата, заминал од овој свет по само 4 дена

Внимавајте како ги користите средствата за чистење. Селија Семор, 34-годишна жена од Велика Британија починала откако го чистела подот во бањата, пренесува британски Мирор.

Кога завршила со чистење на подот, добила неколку последователни напади на астма предизвикани од гасот создаден од хемиската реакција на двете средства за чистење – белило и средство за чистење на тоалетот.

Селија била итно пренесена во болницата каде лекарите морале да ја стават во индуцирана кома, а четири дена подоцна ја изгубила битката.

Стручни лица објаснуваат дека мешањето средства за чистење создава опасен гас што предизвикува напад на астма и апелираат до другите да не пробуваат ништо слично.

Мешањето производи за чистење може да доведе до иритирани дишни патишта, респираторни проблеми или изгореници на кожата, очите, грлото, носот и белите дробови.

Некои гасови создадени од комбинирани производи за чистење може да предизвикаат оштетување на нервниот систем, очите, белите дробови, кожата, црниот дроб, бубрезите, па дури и смрт.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.