Жена од Австралија на 80 годишна возраст починала по девет дена во кома, откако нејзината мачка ја изгребала додека спиела, а потоа ѝ ја излижала раната и ѝ ја пренела бактеријата што предизвикува бактериски менингитис.
Семејството ја пронашло несвесната жена во кревет во нејзиниот стан во Мелбурн, по што била итно пренесена во болница. Лекарите се обидувале да и го спасат животот девет дена, но таа на крајот починала во болницата Бокс Хил во Мелбурн.
Лекарите предупредуваат дека се повеќе наидуваат на случаи на домашни миленици кои преку плунка пренесуваат инфекција на нивните сопственици.
Линдзи Грејсон, директор на Одделот за инфективни болести во Здравствената болница во Остин, изјавика по тој повод дека мачките можат да пренесат смртоносни бактерии, вклучувајќи инфекции, кои предизвикуваат менингитис.
„Имаме случаи на инфекција поврзани со каснувања и гребење на мачки најмалку еднаш неделно. Многу е важно да се пријавите на вашиот лекар ако мачката ве касне или ве изгребе“- изјавила Грејсон.