ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Воз со навивачи на лондонски Арсенал налета на стадо крави

Патнички воз со кој се превезувале навивачите на лондонскиот фудбалски клуб Арсенал, во неделата налетал на стадо недалеку од градот Питерборо, но нема настрадани приврзаници на „топчиите“.

voz_kravi

Според весникот Mirror, во инцидентот единаесет животни загинале, а сопственикот рекол дека не може да пронајде по несреќата уште 15 крави.

Навивачите патувале да го следат натпреварот од седмото коло на англиската Премиер лига против Барнли, на кој Арсенал постигна среќна гостинска победа од 1-0 извојувана во последните моменти. Со овие три бода, „топчиите“ се на третото место со 16 бодови.

Еден од навивачите на лондонскиот клуб веднаш по инцидентот напишал на Twitter дека првпат по 15 години може да пропушти натпревар на својот омилен клуб поради судирот на возот со стадо крави. Сепак, на крајот тој успеал навреме да стаса на мечот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.