ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Купил напуштен магацин за 500 долари, внатре пронашол 7,5 милиони готовина

Менаџерот на аукцијата од популарното шоу „Војни на магацин“ откри дека купил магацин со 7,5 милиони долари во готово и за кој платил само 500 долари.

Ден Дотсон и неговата сопруга Лора за The Blast изјавија дека непозната жена им пришла на една од аукциите минатата недела и им кажала за откритието вредно неколку милиони долари. Таа ми пријде и рече дека нејзиниот сопруг работи со дечко кој купил магацин за 500 долари и внатре пронашол сеф, рече Дотсон.

Таа додаде дека новиот сопственик на магацинот, кој не е идентификуван, го однел сефот кај бравар кој кога го отворил внатре пронашол 7,5 милиони долари. Работите се комплицираа кога новиот сопственик беше контактиран од адвокатите што ги застапуваат поранешните сопственици и понудија награда од 600.000 долари во замена за пронајдените пари.

Новиот сопственик ја одбил понудата, но се согласи со 1,2 милиони долари, додека ги врати преостанатите 6,3 милиони долари. Колегата на Дотсон, Рене Нежода, сопственик на Трговската продавница, рече дека парите најверојатно се поврзани со мафија.

Ако најдете такви пари, веројатно има причина зошто не се во банка, рече тој.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.