ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кривична против Лила за затајување на 1,78 милиони денари данок!

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против водителката Лила Стојановска, која е осомничена дека затаила данок од над 1,7 милиони денари.

Лила во својство на физичко лице во период од 21.06.2017-ма до 07.07.2017-та на својата банкарска сметка примила парични средство во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје

Од финансиската полиција велат дека Лила Стојановска овие парични средства ги подигнала во целост за себе лично, и не ги пријавила во Годишната даночна пријава за 2017-та година во Управата за јавни приходи и го оштетила буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиската полиција во овој случај постапила откако до неа дошла Пријава од Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДЕН-МАК и лицата Е.Н и Дн.

Во пријавата е изнесено сомнение за извршени кривчни дела со лажно прикажување на факти, против Лила, на која и уплатиле 16.095.600.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.