6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ЕВРО 2016: Луда завршница во Ф групата, Португалија се провлече

    Последното, трето коло во Ф групата, понуди најголеми возбудувања во досегашниот тек од Европското првенство. Унгарија и Португалија ремизираа 3-3, додека Исланд со гол во 94-та минута ја совлада Австрија 2-1 и ја турна Португалија на третото место во групата.

    ronaldo_gubi

    Неочекувано, групата Ф во која Португалија беше најголемиот фаворит ја освои Унгарија, Исланд е втор, овие две селекции имаат по пет бода, а Португалија со три бода од третата позиција влегува во осминафиналето.

    Унгаријаи Португалија одиграа „луд“ натпревар во Лион, веројатно најубавиот во досегашниот тек од ЕП. Унгарците трипати водеа, но Португалците трипати се враќаат во мечот.

    Најдобриот дел од натпреварот се случи во периодот од 42-та до 62-та минута кога беа постигнати пет гола.

    Золтан Гера со прекрасен удар и донесе предност на Унгарија во 19-та минута. Израмни Нани на три минути до крајот на првиот дел.

    Џуџак во 47-та минута со помош на Андре Гомеш го совлада Руи Патрисио за нова предност на Унгарија. Три минути подоцна израмни Роналдо со брилијантен гол. Роналдо стана првиот играч кој постигнал најмалку еден гол на четири ЕП-а.

    Џуџак во 55-та минута постигна уште еден гол за 3-2 предност за Унгарија. Неговиот удар се одби од Нани топката доби чудна патека и заврши во голот на Португалија. Пет минути подоцна Роналдо со својот втор гол ги постави конечните 3-3.

    Исланд во последните секунди од натпреварот стигна до 2-1 против Австрија и на табелата ја престигна Португалија. Исландскиот херој е Траустасун кој го постигна победничкиот гол.

    Претходно Исланд поведе преку Бјарнасон, потоа Драговиќ промаши пенал за Австрија, која израмни преку Шепф.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.