Другари седнати на маса, со некоја фрлена чаша, започнуваат сериозен муабет, за тоа кои жени најмногу изневеруваат, односно кои мажи треба да се запрашаат што прават нивните жени.
Едниот вика: -На лекарите! Постојано дежурства, итни случаи и таа сама, можно е да има нешто со друг маж.
Другиот: На воените лица! Проверки, вежби, отсуства, не се прибираат долг период од денот дома, можеби и повеќе денови во серија.
Третиот: Не бе! На морнарите! По цели месеци се надвор од дома, не се прибираат, сигурно нивната жена си наоѓа занимација дури тие заработуваат.
Четвртиот… молчи цело време! -А ти што велиш? – го прашуваат. -Што да кажам бе?… Јас сум лекар на воен брод!





