Цвеќе и други украсни растенија може успешно да се одгледуваат во домот само ако им се овозможат поволни животни услови, односно ако им се обезбеди во оптимална мерка сè она што им е потребно: доволно сончева светлина и топлина, вода, воздух и земја со соодветни хемиски и физички својства.
Светлината влијае и на брзината на развој на едно растение. За да растенијата бујно растат и напредуваат, треба да се сместат на најсветлото место во собата, а по можност да се стават и до самиот прозорец.
Ако твоите цвеќиња се безживотни, листовите паѓаат или пожолтуваат, ова е вашиот среќен ден, бидејќи ви даваме рецепт за препарат кој безбедно ќе ги врати вашите растенија во живот.
Неопходно е:една кора од банана,лажица мелено кафе и лушпа од едно јајце.
Подготовка:Ставете ги состојките во блендер и истурете еден литар вода. Посипете ја добиената мешавина со лажица над растението. Резултатите сигурно ќе ве воодушеват.