ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тажен крај на истрагата за исчезнатата Даниела: Пронајдена во водите на Вардар

Потрагата по скопјанката Даниела Пецевска заврши трагично. Нејзиното безживоттно тело, е пронајдено во реката Вардар, пишува Курир.

Од МВР за порталот КУРИР информираат дека телото кое вчера во 13:10 часот беше извлечено од водите на Вардар кај железничкиот мост во Горно Лисиче е на исчезнатата Даниела од Драчево.

-Идентификувано е телото кое вчера беше пронајдено во водите на Вардар, се работи за 40- годишната Д.П. која беше исчезната на 11.02. 2019 година. Завршена е и обдукцијата, нема траги од насилство, велат од МВР за КУРИР.

Семејство на Даниела 5 дена трагаше по неа откако беше пријавена за исчезната.

Извор: Курир

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.