Откако изби пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи секојдневно се споделуваат потресни сведоштва од медицинските работници.
Сестрата Александра Мациас во подолга објава на Фејсбук ги опишала тешкотиите со кои се соочува секојдневно, извршувајќи ја својата работа, а открила и што е она што најмногу ја погодува.
Објаснила дека најмногу ја прогонува звукот од ѕвонењето на мобилниот телефон на починатиот пациент, чии блиски сè уште не дознале за неговата смрт и сакаат да го слушнат уште еднаш. За само 24 часа нејзината објава стана вирална.
„Никогаш не сум видела вакво нешто, никогаш не морав да се плашам за некој кој е толку здрав, а истовремено смртно болен. Инаку не работам на интензивна нега, но сега морам да работам, бидејќи немаме доволно персонал ниту опрема, ниту пак луѓе со искуство (а кој би можел да има искуство за оваа болест?). Веќе два дена велам дека сакам да си одам дома, но колегите секогаш успеваат да ме предомислат велејќи ми дека многу ќе се каам ако престанам да помагам, затоа останувам“, започнала таа.
Во продолжение открила дека ова ѝ е 11-ти ден како се грижи за пациентите на интензивна нега и опишала колку ѝ е тешка работата со смртно болните пациенти.
Целиот текст на овој ЛИНК