ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кој е овој мистериозен човек во Спомен-куќата на Тоше Проески?

Фан-страната на Тоше Проески сподели интересна фотографија која предизвика низа коментари на социјалните мрежи.

Имено станува збор за прославата на 34-от роденден во 2015 година, но оваа слика повторно се рашири низ интернетот. На Гумење во Крушево во Спомен-куќата на балканската поп звезда Тоше Проески неговите најверни поддржувачи од Македонија од Хрватска и од Србија дојдоа да го одбележат неговиот 34-ти роденден, да го посетат неговото вечно почивалиште и да ги промовираат неговите најнови музички остварувања и видео спотови.

За хрватските фан поддржувачи на Тоше има само еден ден – денот кога тој се роди. Во Спомен-куќата вчера беа промовирани нови експонати – дел од омилената гардероба што неодамна ја преотстапи семејството Проески.

Вечното почивалиште на Гумење, и манастирот Свето Преображение, во изминативе години го посетиле над 2 милиони поддржувачи, а за 7 години откако е отворена спомен куќата на Проески повеќе од 200 илјади посетители – тврдат од фондацијата Тодор Проески.

Делот со интересната фотографија можете да го погледнете на самиот крај од видеото.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.