Беше обичен работен ден во болницата се додека не се појави еден постар господи на околу 80 години со рана на палецот кој требаше да го прегледам.
Веднаш ме предупреди дека има средба од 9 часот, па ако е можно да ја забрзам работата. Го замолив да седне и да почека, знаејќи дека ќе помине повеќе од 1 час пред некој да го прегледа.
Тој постојано го проверуваше часовникот. Решив да го прегледам, независно од тоа што имав други пациенти. Раната беше доста лесна, па имав време дури и да го прашам зошто брза толку многу.
Ми беше чудно, бидејќи постарите луѓе имаат толку многу време во текот на денот.
Господинот ми одговори дека брза да пристигне за појадок со сопругата во 9 часот во старечки дом.
Го прашав како е нејзиното здравјето и тој ми откри дека таа е таму долго време и дека има Алцхајмерова болест. Во разговорот го прашав дали неговата сопруга ќе се налути, ако тој се забави, а тој само тивко ми одговори: “Таа веќе 5 години не ме препознава …”
Пред да продолжиме разговорот изненадено го прашав: “А вие продолжувате да одите секое утро кај неа? Иако не знае кој сте?”
Старецот мудро се насмевна, нежно ме погали по раката и ми рече: “Таа можеби веќе не ме познава, но јас многу добро знам што значи оваа жена во мојот живот …”
Телото ми се возбуди. Едвај ги задржав солзите. Кога го напушти кабинетот, тивко шепна: “Ова е таа љубов којашто сакате да ја имате во вашиот живот!”
Вистинската љубов може да не е физичка, ниту романтична. Вистинската љубов е прифаќање на она што било, ќе биде и никогаш повеќе нема да се повтори.