Една кинезинка дознала дека нејзиното момче е сиромашно па решила да го напушти на најбизарен начин.
Неименувана 37- годишна жена е обвинета за лажирање на убиство и киндапирање себеси, а наместила се да изгледа како тоа да го направило нејзино поранешно моче.
Имено таа се забавувала со него неколку месеци, а дознала дека е сиромашен кога отишла да ги посети неговите родители и веднаш донела одлука да го остави, па смислила пеколен план.
Кон крајот на февруари таа со треперлив глас се јавила во полиција и рекла дека е киндапирана од поранешниот сопруг.
„Дојдете и спасете ме, ме киндапираше поранешното момче, мислам дека веќе сме на автопат“ рекла таа и ја спуштила слушалката.
Потоа праќала пораки како наводниот киднапер се заканувал дека ќе ја убие ако повика полиција, а последната порака била затрашувачка. Во неа напишала дека е убиена а нејзиното тело е фрлено во езерото.
Лин е лоцирана од страна на полицијата која ја пронашла во еден мал мотел како мирно лежи во кревет.
Според локалните медиуми таа е уапсена поради нарушување на јавниот ред и мир.
ИНТЕРЕСНО„Мамо, не сакам да си одам“: Исповед на Македонка која ја испрати ќерката во странство – овие зборови ќе скршат многу мајчински срца
ИНТЕРЕСНОЕфикасно намалете ја сметката за струја: Како климата да ви работи постојано, а да не ве чини ништо







