ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Го фатила сопругот дека ја изневерува, а потоа му се осветила на генијален начин

Кога Бренди Ли го фатила сопругот како ја изневерува, била скршена, но по несекојдневната освета таа “последна се смеела”.

Жената од Пенсилванија која била приморана да плати неколку илјадници долари надомест на сопругот кој ја изневерил, осмислила мала, но слатка одмазда. Сагата започнала кога Ли ја открила аферата и побарала развод.

На крајот, судот пресудил дека Бренди мора да плати спогодба од 7500 долари, а бидејќи немала друг избор и морала да ја плати сумата, одлучила тоа да го направи на најнепријатниот можен начин – во монети од 10 центи.

На Фејсбук објаснила дека му го исплатила износот на сопругот, користејќи 10 кутии наполнети со монети кои тежеле 158 килограми, пишува “The Sun”.

“Отидов во локалната банка, им ја кажав приказната и погодете – тие прекрасни дами во нашата банка беа повеќе од среќни и спремни да ми помогнат со планот на плаќање”.

Објавата на Бренди веднаш станала хит на интернет, а бројните корисници на Фејсбук ја нарекле “генијална” нејзината одмазда.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.