Кејти Липолд од американската сојузна држава Охио се шокирала од фотографиите кои ги направила професионална фотографка за време на веридбата со нејзниот избраник Џон Кистлер.
Во пакет од 600 долри било вклучено и фотографирање на веридбата. Сѐ било во ред додека Кејти не ги добила фотографиите.

Прво воочила дека некои од нив се замаглени и снимени од чудни агли, но најмногу ја шокирало кога видела дека таа и нејзиниот вереник изгледаат двојно послаби.
-На секој од нас му отстранила 15 килограми. Тоа не беше тоа што го баравме, навистина ме повреди – огорчено рекла Кејти.
Она што е уште потрагично е тоа што фотографката Линди Силвестри ги објавила нивите фотографии на Пинтерест со опис „Многу е тешко да се направи убава фотографија од луѓе кои не ги собира во еден кадар“.

Токму поради ова немило искуство идната невеста одлучила да го сподели со јавноста за да ги предупреди останатите парови на непрофесионалноста на оваа фотографка.