ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убил змија отровница, па доживеал пекол – и ја откинал главата, а таа сепак го каснала

Маж од Тексас морал да прими 26 дози противотров откако го каснала обезглавена ѕвечарка која ја убил.

Неговата сопруга Џенифер Сатклиф раскажала дека нејзиниот сопруг работел во градината кога наишол на 1,5 метри долга ѕвечарка и ѝ ја откинал главата.

Кога сакал да ги собере остатоците од змијата, главата го каснала. Загризувачкиот рефлекс на змијата може да се јави и неколку часа откако змијата ќе умре.

Сатклиф раскажала дека нејзиниот сопруг веднаш добил напади. Со хеликоптер бил превезен во болница

Тој е сега во стабилна состојба, но бубрезите му се ослабени.

Лесли Бојре, докторката која го лекувала, го предупредиле дека неговата постапчка била непромислена. Како што таа вели, опасно е да се убива змија на тој начин.

-Тоа е безмислосно кон животното, а и ве остава со многу отровен дел кој ќе мора да го остраните – рекла таа.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.