Интересна порака која е дел од кампањата против насилство и сексуална злоупотреба може да се види во тоалетот во Линколншир, Англија. Оваа слика беше објавена на Твитер и брзо стана многу популарна. Постерот ги советува жените „да ја бараат Ангела“ доколку не се чувствуваат безбедно. Персоналот на овој ресторан е запознаен со она што значи „Ангела“ и е подготвен да реагира и да помогне.
Постерот гласи вака: „Здраво, јас сум Ангела. Дали сте на состанок што не оди правилно? Дали личноста што се појави на состанокот не е онаа која се претстави на нејзиниот онлајн профил?
Дали се чувствувате безбедно? Дали сето тоа ви изгледа чудно?
Ако одите во барот и „ja побарате Ангела“, персоналот ќе знае дека сте во ситуација кога ви треба помош. Ќе ти викнат такси или ќе ти помогнат дискретно, без премногу врева “.
Многу градови низ светот ја копираат оваа идеја, и овој паметен трик станува се попопуларен кај жените.
Споделете го со вашите пријатели на Фејсбук.
