Жените сакаат подароци, но понекогаш одбирање на вистинскиот подарок за жена може да ви предизвика вистинска главоболка.
Еден маж го споделил своето искуство на социјалните мрежи со цел да им помогне на сите мажи во избирање на подарок за своите сакани.
-Јас и мојата сопруга сме во брак веќе 20 години а по доаѓање на третото дете малку се запоставивме еден со друг. Тоа шт се случува на женското тело со три породувања е ужас, да ни се случува нам мажите досега сите би изумреле, и не би можеле тоа да го издржиме.
Несакаше да оди на базен со менеи со децата се плашеше да не ја исмејуваат поради изгледот, а пред 5 години посака пижами за божиќ. Отидов во бутик и најдов едни кои ми се допаднаа но незнаев која величина носи па само онака избрав еден број и ги купив. Дојде денот кога и го дадов подарокот а кога го отвори, изразот на лицето и се смени. Ме праша дали сериозно мислам дека пижамите се нејзина величина и дека тој број го носи? Јас одговорив дека таа е ослабена и мислев дека тој број ќе и одговара. Ми пријде со солзи во очите и ми се заблагодари што ја гледам на таков начин.
Никогаш не ги замени пижамите иако беа помал број, почна да вежба и да се храни здраво а после 5 години изгледа „проклето“ добро. Толку добро што помислувам дека и треба некој подобар од мене. Сега оди на базен во бикини и е многу среќна- раскажал сопругот
– Иако е можеби глупава идеја, овој гест ми го спаси бракот – напишал тој.