ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Откако ја видовме сликата од ултразвукот знаевме дека имаме посебно бебе – и сега сите зборуваат за него

Малиот Оливер Дан стана вистинска светска сензација и пред да се роди – откако лекарите и родителите ја виделе неговата снимка од ултразвукот, знаеле дека им пристигнува посебно бебе.

Малиот Оливер кога се родил воошто не изглеал како обично бебе. Имал густа коса, а денеска има пет месеци и неговата косичка е долга 12 сантимтри.

Покрај тоа косата секогаш му е бушава, што додатно тоа на малиот Оливер му дава комичен ефект, а родителите Енџи и Брајан велат дека косата е толку нескротлива што дури и кога е мокра му е бушава.

– Изгледа како постојано да е под струен напон, вели Енџи и додава дека е вистинска атракција каде и да се појави.

– Oливер е роден со со многу коса и од тогаш не престанува да расте. Од ден во ден е се погуста и подолга. А толку е наелектиризирана што никој не може да му ја спушти. Понекогаш се обидував со рака да му ја залижам и да му ја прилепам косата, но ништо не помага, и додава дека за неговата коса не користи ништо друго освен стандарден шампон за коса за деца.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.