6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Овие луѓе треба да јадат лимон секој ден: Може да ублажи, спречи и излечи многу болести!

    Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц. Овој витамин е важен за производство на колаген и помага за апсорпција на железото од растителната храна. Доволното внесување витамин Ц го спречува создавањето камен во жолчка. Витаминот Ц ефикасно се бори против настинки и ја поттикнува регенерацијата на коските.

    Лимонската киселина е присутна во лимоновиот сок. Таа не ја снижува pH-вредноста, туку ја покачува (ја алкализира). Зголемувајќи ја pH-урината, лимонската киселина помага во растворувањето на камчињата во бубрезите. Таа помага во отстранувањето амонијак од телото – производ од метаболизмот на протеините.

    Д-лимоненот е присутен во кората. Д-лимоненот ублажува воспаленија и го нормализира шеќерот во крвта. Д-лимоненот е корисен за респираторна патологија. Поради тоа, неопходен е за лица со оштетени бели дробови (по прележано воспаление на белите дробови, со астма), за пушачи…

    Ериоцитринот е антиоксиданс кој се содржи во лимоновиот сок и кора. Ериоцитринот во комбинација со други активни супстанци ги ублажува воспаленијата, оксидативниот стрес и го оптимизира нивото на шеќер во крвта. Ериоцитринот ја покренува оксидацијата на масните киселини и ја нормализира осетливоста на хормонот инсулин. Оваа супстанција ја активира биогенезата на клеточните митохондрии.

    Хесперидинот ги намалува оксидативниот стрес и воспаленијата и го нормализира васкуларното здравје. Хесперидинот ја намалува веројатноста за макуларна дегенерација (дегенерација на мрежницата кај повозрасни лица). Оваа супстанција го намалува ефектот на галактоза, шеќер сличен на глукозата кој се содржи во млечни производи.

    Диосминот ја подобрува состојбата на крвните садови. Во комбинација со хесперидинот, ефикасен е во случај на варикозни вени и за терапија на хемороиди. Нобелетинот е присутен во кората на лимонот. Тој е потенцијален геропротектор.

    Кому особено му се препорачува консумирање лимон:

    • Пушачи
    • Луѓе што се на диета
    • Луѓе што имаат респираторни тегоби
    • Луѓе што страдаат од дијабетес
    • Луѓе што страдаат од гихт
    • Луѓе со забавен метаболизам
    • За љубителите на слатки и млечни производи
    • Луѓе што страдаат од варикозни вени
    • Луѓе постари од 60 години

    Зестот е најздравиот дел од лимонот и се наоѓа во кората, поради што се препорачува лимонот да се јаде со кора. Пред да консумирате лимонова кора, добро измијте го лимонот со сода бикарбона.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.