Убавата и нежна половина од човештвото вложува огромни маки за да изгледа фасцинантно, привлечно и секси.
И покрај тоа сите напорни не се доволни зза да се задоволи специфичниот машки вкус, покажува новото истражување спроведено во Велика Британија, објави МИА.
Тие определиле кој дел од женското лице и тело ги возбудува најмногу претставниците на посилниот пол.
На прво место мажите секогаш ги ставаат очите – Долгите трепки ја истакнуваат природната убавина, сметаат претставниците на посилниот пол. Голите раменици на ист начин се фасцинантно привлечни за мажите.
Чувството за хумор ја прави жената шармантна и ги тера мажите да ја сакаат.
Без сомнение усните и насмевката се оружјето што жените можат да го користат за лов на мажи. Тоа гарантира совршен резултат со кој се импресионира посилната половина од човештвото.

