6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Неверојатни придобивки од пивото: Отстранува мртви ќелии од кожата, намалува холестерол, ја храни косата

    Дали пиењето на една чаша пиво на ден може да ви помогне да живеете подолго?

    Сигурно ќе се изненадите што велат најновите истражувања. Една студија која ја реализираше Универзитетот во Пенсилванија, каде што беа вклучени 80 000 возрасни лица докажа дека пиењето на една или две чаши пиво секој ден, може да го намали ризикот од срцеви заболувања или срцев удар. Покрај тоа, пивото го зајакнува имунитетот, ги штити коските…

    Пивото е добро за здравјето на бубрезите

    Во народот се знае дека штом некој има проблем со бубрезите, камчиња или песок, треба да пие пиво. Но, тоа не е само народен лек за камења во бубрезите. Едно истражување кое беше реализирано во Финска, докажа дека меѓу алкохолните пијалаци, пивото е најдобро за бубрезите. Имено, секое испиено шише (0,3 литри) со пиво го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите за 40%.

    Го подобрува варењето на храната

    Пивото, особено темното пиво, содржи 1 грам на растворливи растителни влакна во 300 мл – за разлика од виното кое не содржи растителни влакна. Растителните влакна имаат важна улога при поминувањето на храната низ дигестивниот систем. Недостатокот на растителни влакна може да доведе до интестинални нарушувања, како што е констипација.

    Пивото го намалува ЛДЛ холестеролот

    Растителните влакна кои ги содржи пивото може да ви помогнат за намалување на нивото на лошиот холестерол.

    Изобилува со витамини од групата Б

    Пивото содржи неколку витамини од групата Б и тоа Б1, Б2, Б6 и Б12. Едно холандско истражување утврди дека кај лицата кои пиеле пиво, нивото на витаминот Б6 било за 30% повеќе во споредба со лицата кои не консумирале пиво. Исто така, пивото е добар извор на витаминот Б12, кој е ретко се наоѓа во храната, а особено е важен за лица кои се слабокрвни.

    Пивото и дава сјај на косата

    Покрај витамините од Б групата, протеините кои се наоѓаат во хмељот, помагаат во обновување на оштетената коса, а исто така додаваат и волумен. Во меѓувреме, малтозата и сахарозата кои ги има во составот на пивото, на косата и даваат прекрасен сјај. Па, ако сакате да постигнете најдобри резултати и да ги почувствувате овие ефекти на своја кожа, предлагаме да отидете до најблиската продавница и да набавите неколку шишиња

    Пивото го намалува ризикот од срцев удар

    Лицата кои пијат пиво имаат 40 до 60% намален ризик за појава на срцев удар во споредба со оние кои не го консумираат.

    Превенира настанување на тромбоза

    Состојките кои ги содржи пивото превенираат создавање на тромбоза.

    Ја подобрува меморијата

    Студиите покажуваат дека лицата кои пијат пиво имаат помал ризик за настанување од Алцхајмерова болест и деменција.

    Помага за намалување на стресот

    Истражувачите во Универзитетот од Монтреал утврдија дека две чаши пиво на ден може да го намалат стресот предизвикан од работата, како и анксиозноста. Па, по работниот ден поканете ги пријателите и напијте се Златен Даб

    Овозможува блескава кожа

    Кога се нанесува површински, пивото може да го исчисти тенот, да помогне во лекување на првут на кожата, како и да ја направи мазна. Овие фантастични својства се должат на задоволителната количина на пантотенска киселина и витамини во неговиот состав. Сѐ што треба да направите е да натопите малку памук и да го измасирате нежно претходно исчистеното лице.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.