Розевото езеро на островот Мидл во западна Австралија веќе со години ги привлекува научниците и истражувачите , кои не можат да утврдат за што се работи и на што се должи бојата во ова езеро.
Се претпоставува дека розевата боја е резултат на високата соленост и присуството на алги кои сакаат сол.
Ова езеро е со розева боја цела година, а бојата останува таква и кога ќе се сипе во друг сад.
Езерото е опкружено со шума од еукалиптус , а од океанот го дели песочна дина. Езерото е долго само 600 метри.