Една мајка која знаела дека нема да може да присуствува на венчавката на својата ќерка поради болеста одлучила сепак нејзиниот ден да ѝ го направи посебен.
Ема (38) останала без зборови кога видела што направила нејзината мајка, која починала во 2017 година, за неа и нејзиниот голем ден. Еден ден пристигнал пакет за неа. Кога го отворила пакетот видела дека внатре има чевли, но младата невеста се расплакала откако прочитала што пишува на чевлите.
Имено, нејзината мајка ѝ купила чевли за венчавката на кои била изгравирана порака.
Ема признала дека ѝ било многу тешко да ја организира венчавката без помош од својата мајка, но кога ѝ пристигнале чевлите таа сфатила дека сепак ѝ помага.
“Сакав да имаш подарок од мене за твојата венчавка. Твоите свадбени чевли се мој подарок за тебе. Се надевам дека ќе имаш магичен ден. Многу бакнежи и големи прегратки. Мама”, пишувало на чевлите.
Ема била воодушевена кога пристигнале чевлите. Невестата не знаела за овој план, додека нејзиниот вереник бил запознаен со изненадувањето. Била сосема шокирана, започнала да плаче и не можела да зборува.