ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Македонка призна дека е ладна и себична: Го оставив факултетот, почнав да трошам, еве зошто станав одвратна личност

Јас ги сакам луѓето, животните, го сакам животот и ја сакам среќата! Никогаш не мислев дека можам да бидам толку скршена, но ете од сега се менувам зошто тоа е за мое добро, за доброто на мојата мајка и моите пријатели, вели оваа девојка во својата исповед.

Една Македонка одлучи да признае како се чувствува по раскинувањето со момчето кое ја променило од корен.

-Бев ведра, насмеана, борбена, Сакав и ме сакаа. Раскинувањето на врската, а воедно и распадот на пријателството ме скрши и станав тажна, безволна, а на крајот студена и себична. Ништо не ме интересираше, факултетот го баталив, воопшто не вложувам во него, еден испит дадов за цела година, ете во таков фазон сум, што ќе ми е.

-Трошам пари како луда: Америка, Рим, Париз, Загреб, Белград, на море бев 3 месеци и сето тоа за помалку од година дена. Пак не сум среќна. Станав размазена каква што никогаш не сум била, одвратна сум и знаете што, одлучив сето тоа да го сменам. Зошто ова не сум јас.

-Јас ги сакам луѓето, животните, го сакам животот и ја сакам среќата! Никогаш не мислев дека можам да бидам толку скршена, но ете од сега се менувам зошто тоа е за мое добро, за доброто на мојата мајка и моите пријатели.

Ги имам сите услови да бидам среќна, а јас сум се фатила за оној еден што ме скриши. Ве сакам и вас луѓе! Време е да се сменам на подобро, доста стоев во место, одлучив да вложам во себе и сакам тоа да го споделам со вас. Поздрав од Скопје, напиша искрено девојката.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.