Дали некогаш кога сте дошле од работа или подолго патување сте забележале дека вашиот дигитален часовник покажува погрешно време?
Прво на што помислувате е дека можеби снемало електрична енергија, но и да се случило тоа, не можете да знаете колку долго немало.
Доколку со денови немало струја може да дојде до одмрзнување на храната и нејзино расипување. Кога струјата повторно ќе се врати, намирниците повторно ќе се замрзнат и вие нема да забележите дека се расипани.
Ви откриваме начин како сепак да дознаете дали долго вашиот замрзнувач бил без струја и дали храната е се уште за конзумирање или не.
Во шолја за кафе сипете вода и ставете ја во замрзнувач да се замрзне. Кога ќе се направи само мраз, на врвот ставете метална паричка и вратете ја шолјата во замрзнувач.
Доколку кога ќе ја извадите шолјата, монетата е уште на врвот или евентуално на средината, значи дека не снемало струја, но доколку се наоѓа на дно значи дека долго време снемало електрична енергија.