ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Копале тунел за метро, а пронајдоа сензационално откритие (ФОТО)

-Сметаме дека ова е куќата во која живеел командантот на касарната, изјави претставникот на римската агенција за заштита на споменици Франческо Просперети.

Луксузна римска куќа од времето на царот Адријан беше откриена за време на ископувањето на нова линија за римско метро.

Рушевините од куќата која датира од вториот век од нашата ера се октриени за време на изведување градежни работи на местото каде археолозите пред две години исто така дојдоа до сензационално откритие, воена касарна стара 1800 години.

-Сметаме дека ова е куќата во која живеел командантот на касарната, изјави претставникот на римската агенција за заштита на споменици Франческо Просперети.

Куќата од 300 метри квадратни се наоѓа 12 метри под нивото на улицата. Објектот е богат со мозаици и ѕидни декорации, има 14 соби и купатило со подно греење. Таа ќе биде преместена од местото на кое се наоѓа за да продолжат работите за изградба на метрото.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.