ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Емотивен оглас: Баба го издава својот стан бесплатно а за возврат бара само едно нешто

На еден од најпознатите сајтови  за огласи, осамна понуда која навистина звучи неверојатно. Во прашање е стан од 150 квадрати во Белград, со клима, камин, интернет, тераса и паркинг.

Како што се наведува во огласот, постара , ситуирана и толерантна госпоѓа, која живее сама, би пружила бесплатно , исклучиво на женска особа, вредна студентка, да живее со неа до крајот на студиите.

Како што стои во текстот, газдарицата на станот е при здраб разум и ведар дух, со неодамна нарушена здравствена состојба поради стрес и ненадеен губиток на сакана личност.

Имала инфаркт и полесна хируршка интервенција, после која успешно се опоравила. Она што е посебно важно е дека овој оглас не е од личност на која и е потребна помош и грижа па за возврат да го дава станот бесплатно.

-Овој оглас го огласил роднина во договор со бабата, поради тоа што сите од семејството сме со обавези и сакаме некој примерен да живее во станот со нашата роднина за да биде безбедна и таа и ние, да не е сама. За возврат очекуваме да е девојката одговорна, поштена, воспитана, хумана и нормална, да се однесува како да е во своја куќа и со својата баба- пишувало во огласот.

Од неа не се бара да биде медицинска сестра ниту чистачка за бабата, освен да купи по некоја намирница за дома или лекови, тоа е се- навеле во огласот.

Малку е да се каже дека овој оглас предизвикува солзи кај оние што го прочитале. Огласот е привлечен но сеуште отворен, во потрага по добра девојка која ќе живее со бабата.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.