6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Една жена ја доживува љубовта на својот живот со тотален странец кој и донирал половина црн дроб за да ја спаси

    Кога Кристофер Демпси донирал половина од својот црн дроб на странец, тој не знае дека неговиот живот никогаш нема да биде ист.

    Тој не знаел на кого дарува дел од неговото тело. Две години подоцна, тој и жената примател се ожениле. Нејзиното име е Хедер Кругер.

    Нивната љубовна приказна започнува со разговор за време на паузата за ручек во Франкфорт, мало село во близина на Чикаго.

    Таа имала болест во многу напредна фаза. Нејзините лекари велеле дека без трансплантација, шансата да преживеат во следните два месеци бил само 50%.

    За време на потрагата по донатор, Демпси се појавува во сликата. Тој слушнал дека неговиот колега зборува за негова братучедка, на која и е потребна трансплантација, пренесува BBC.

    „Само што ми падна на ум дека би сакал некој да ми помогне или да му помогне на моето семејство ако влеземе во оваа ситуација знаев дека треба да го направам“, објаснува Кристофер.

    Оди, прави тест и излегува дека е компатибилен со некој кој има потреба. Прво и се јавува на телефон за да објави дека сака да биде нејзин донатор. Набргу потоа, тие се среќаваат на ручек.

    Во текот на следните неколку недели, тие поминуваат сè повеќе време заедно. Додека операцијата да се случи на 16 март, тие веќе имале неколку целосно формални состаноци.

    „Бев сигурен дека сè ќе биде во ред. Нервозен, секогаш постои можност нешто да тргне наопаку, но самоуверен и без ниту една мисла да се откажам “, продолжува тој.

    Предлогот за брак кој го дал се појавил осум месеци подоцна. Двојката се венчаше 19 месеци по трансплантацијата.

    „Беше секако многу емотивно, особено за неа и нејзините родители, бидејќи тие знаеја низ што преживеаа. Но, во никој случај не би помислил дека кога ќе се согласам да станам донатор, ќе се венчаме. Неверојатно е “, изјавил Демпси.

    Добри работи се случуваат со луѓе кои прават добра работа. Кога ќе стане донатор, единствената мотивација му е да помогне, бидејќи тоа е правилно и секој може да има таква потреба. На крајот, сепак, тој ја наоѓа љубовта на својот живот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.