ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Момче си го заборави своето омилено мече во хотел, а потоа настана нешто навистина посебно

Повеќе од 2000 луѓе на Твитер ја споделиле анегдотата на Ана Пикард на која првата недела по празниците ѝ започнала лошо.

Освен што по одморот на Хаваите таа веднаш се вратила на работа, нејзиниот син Дузер го заборавил своето омилено кадифено мече на Хаваите и никако не можело да престане да плаче. Пикард одлучила да си ја испроба среќата и да ги контактира вработените во хотелот во кој биле сместени, а потоа следело изненадување.

Хотелскиот персонал не само што го пронашол мечето Сутро, туку и му го продолжиле годишниот одмор од кој ѝ испратиле фотографии на Ана за да му ги покаже на синот.

утро не само што имал продолжен одмор, туку и персоналот му ги овозможил сите можни забавни содржини. Мечето “уживало” сончајќи се покрај базенот, патувајќи со брод и вечерајќи вкусни оброци.

На крајот, тие го фотографирале Сутро како се одјавува на рецепција и го испратиле дома кај пресреќното дете, а фотографиите станале вистински хит на Твитер.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.