Многу од луѓето се сомневаат дали нивниот партнер им е верен и што би се случило ако разберат дека ги лаже. Овие знаци навистина се посветени на својата врска и доколку сте со нив тие ќе Ви бидат верни до гроб.

Бик – тие сакаат удобност и спокојството. Тие напредуваат благодарение на стабилноста, што ги прави лојални и доверливи партнери. За да Ве изневери, Бикот треба да се чувствува исклучително неразбран и неценет во врската.

Рак – од сите знаци, Ракот е најмногу загрижен за стабилноста на односите со саканиот човек. Го сака семејството и е среќен кога има длабока, емотивна врска. Би изневерил само и единствено, ако неговиот партнер се однесува со презир и не ја покажува својата љубов.

Девица – тие се чувствителни, ако се поврзат сериозно, тоа значи дека тие се сигурни во својот избор. Што пак е предуслов да не го изневерат својот партнер. Само многу силно разочарување или предавство би ги натерало Девиците да изневеруваат.

Вага – тие бараат хармонија и баланс. Само така се чувствуваат комотно и целосно. Едно неверство би ја прекршило драстично нивната рамнотежа и тие претпочитаат да не го прават тоа.

Јарец – овој знак исто така многу го цени семејството и својот партнер. Дури понекогаш и да Ви изгледа дека не е така, гарантираме дека грешите. Тие преферираат да се фокусираат на професионалниот развој и финансиската стабилности немаат време за изневерување.