ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

„Јас изгледам вака, а луѓето се запрепастени кога ќе го видат моето момче“ – коментарите и повеќе од сурови

Откако оваа блогерка на својот Инстаграм профил го покажа своето момче беше преплавена од лоши коментари.

Мелис Гибсон која е плус сајз блогерка преку ноќ стана вистинска ѕвезда, а поради неа познато стана и нејзиното момче кое го осудуваат многу поради неговата одлука да биде заедно со девојката.

Имено на Инстаграм се појавија сурови коментари на сметка на девојката, а еден од нив е и дека тој сигурно има некои фетиш штом е со оваа девојка.

-Она кога во фустан ќе застанеш до човекот што го сакаш, а добиваш грозни коментари на сметка на твоето тело и килограми и прашања дали навистина моето момче ме сака.

Но ние и понатаму ќе се бориме да бидеме заедно и да не прифатат луѓето. Ние сме точно тоа што сакаме и нашите тела се дел од тоа, вели блогерката.

Инаку таа се обидува да објавува провокативни фотографии на Инстаграм се со цел да го привлече вниманието низ целиот свет и луѓето да се навикнат на нејзиното тело.

 

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.