Стјуардеса од Јапонија станала хит на социјалните мрежи откако патник побарал место покрај прозорецот. Таа му излегла во пресрет и му нацртала еден прозорец.
За време на еден лет во Јапонија, незадоволен патник упорно барал место покрај прозорец. Откако стјуардесата го прашала дали сака нешто да се напие, тој и понатаму сакал само да седи до прозорец. Стјуардесата одлучила да му пружи поинаков вид поглед, па му залепила цртеж од прозорец.
窓が無い座席だったので隣のお兄さんがCAさんにクレームをつけたら、上空の景色書いて貼り付けてくれたwww pic.twitter.com/FJv6kJnwnD
— こぉ↑すけ@しおりおし (@kooo_TmS_suke) November 5, 2018
Фотографијата завршила на Твитер и предизвикала бројни реакции. Некои корисници нејзиниот потег го нарекле „спектакуларен“ и „генијален“, додека други не можеле да поверуваат дека навистина тоа го направила и воопшто не им било смешно.