Мајката Марина од Белград на друштвените мрежи објавила фотографија од куклата која нејзината ќерка ја добила на подарок од нејзината баба.
„Петра ме праша: „Мама, зошто оваа барбика е буцкаста?“ Јас само подобро ја погледнав, ја соблеков и се шокирав“, рекла Марика за порталот „Жена.блиц.рс“.
Не требало долго да сфати дека куклата изгледа токму како Ким Кардашијан.
„Ѝ кажав на мојата ќерка дека постојат различни девојки, па затоа постојат и различни кукли. Секако не одобрувам правење на кукли по угледот на Ким Кардашијан, не гледам во тоа нешто привлечно, на крајот на краиштата ни било што природно“, рекла Марина.
