За кратко време и со малку вложен труд може да постигнете неверојатни резултати.
За овој мал проект ви е потребно:
- 5кг цимент
- 1 канта за мешање
- 3 чаши вода
- три дрвени стапа
- леплива трака
Во кантата која треба да е подлабока од 15 сантиметри, ставете вода и цимент и мешајте. Откако добро ќе се измеша смесата протресете ја кантата неколку пати да се осигурате дека нема воздух или меурчиња.
Ставете го трите дрвени стапови во кантата како што е покажано на фотографијата и залепете ги. Откако смесата ќе се суши неколку часа, полека извадете од кантата и со шмиргла малку измазнете ги рабовите.

Ќе добиете прекрасна мала масичка на која може да ви стојат саксиите со цвеќе или да ја користите за некоја друга примена.