6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Совршен дечко – ова се неговите особини

    Жените не сакаат пасивен, покорен маж кој ја запоставува својата личност за да ја усреќи својата драга, но ни оној кој не ги почитува нивните желби, не ги слуша и ги гуши со љубомора.

    maz zena seks

    Еве каков дечко сакаат:

    Знае да слуша

    Дали она што таа го зборува ви звучи како мрморење затоа што сте сконцентрирани во зјапање во нејзиното деколте? Тоа ви е грешка. Жените сакаат да ги слушате и да обрнувате внимание на она што зборуваат. Добриот дечко слуша и разговара со девојката, покажува интересирање и за она што неа ја интересира.

    Не е досаден

    Без оглед дали одеднаш ќе се појавите пред нејзината врата со букет или изненадно ќе ја повикате на романтична вечера, бидете спонтани, изненадувајте ја и не дозволувајте вашиот однос да стане рутина.

    Добар љубовник

    Тоа значи дека мора да ја задоволите, никогаш не ја прескокнувајте предиграта, праќајте и романтични и секси пораки, мазете се после сексот наместо да за`рчите наредниот момент и што е најважно прашајте ја што таа сака во кревет.

    Не е пасивен

    На долги стази ниту една жена не сака пасивен, покорен маж кој ја компромитира својата личност за да ја направи среќна. Задржете го својот карактер, своето мислење и покажете и дека сте јаки, сигурно дека не сте „безкичкмењак“.

    Мисли на детали

    Дали таа ја променила фризурата? Дали ослабела или купила нов фустан? Тоа се работи кои треба да ги запазувате. Поголемиот дел од жените инстиктивно „оди“ кон мажи кои имаат око за детали. Тоа покажува дека сте внимателни.

    Не те гуши со љубомора

    Довербата е основ за секој добар однос. Дозволете да ужива во нејзиното слободно време со пријателките без ваше љубоморно испитување.

    Го почитува твоето семејство

    Ако вашиот менталитет е заглавен некаде во педесеттите години време е да се промените и да сфатите дека вие и вашата партнерка сте рамноправни како во врската така и вон неа. Ниедна жена не сака маж кој не ја почитува неа или нејзиното семејство.

    Инспирира

    Како вие напредувате така би требало и неа да ја поттикнувате на напредок. Инспирирајте ја на позитивни промени. На пример, ако видите дека не го користи својот талент на вистински начин, насочете ја и охрабрете ја.

    Внимателен е

    Едноставно давајте и комплименти, купете и симпатична ситница и речете дека е прекрасна.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.