ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сестри преживеале два дена во дивина: По нив трагале 100 полицајци, а нивното пронаоѓање го сметаат за чудо

Две сестри, на возраст од осум и пет години, кои во петокот исчезнаа во Северна Калифорнија пронајдени се во рамки на големата потрага по нив во која биле вклучени хеликоптери и кучиња трагачи.

Сестрите Карико, Леа (8) и Керолајн (5) биле пронајдени од командантот на противпожарната единица и еден пожарникар, кои ги следеле трагите на чизмите што ги носеле девојчињата.

Ова е вистинско чудо – рекол локалниот шериф, Вилијам Хонсал, објаснувајќи дека девојчињата биле пронајдени во дивината на Северна Калифорнија и додал дека иако девојчињата се дехидрирани, тие не се повредени и се во добро расположение.

Тој истакнал дека девојчињата биле членови на локален клуб каде што биле обучувани како да се преживее на отворено и верува дека тоа им помогнало.

По исчезнатите сестри трагале повеќе од 100 полицајци и спасувачи, вклучувајќи и припадници на Националната гарда и американската крајбрежна стража.

Тие за последен пат биле забележани во петокот околу 14:30 по локално време, пред нивниот дом во Бенбоу, мал град 320 километри северозападно од Сакраменто.

Девојчињата биле пронајдени во саботата, кога спасувачите наишле на стапки од нивните гумени чизми и обвивки од чоколатца кои сестрите ги оставиле зад себе, рекол полковникот Мајк Фридли.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.