ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Секс совети од бабите: Ако е изморен за секс, тој Ве изневерува и треба да…

Велат дека со годините доаѓа и мудроста. Затоа ниту една баба никогаш нема да пропушти да Ви даде совет за мајчинството, готвењето и чистењето.

Но ретко некоја баба ќе Ви открие секс вистини кои ги научила во животот. Затоа искористете ја мудроста на оваа бабичка која со Вас ги споделува:

Сјај за усни

Уште не можам да поверувам дека ова се случи, но кога бев тинејџерка, баба ми во еден случај ми кажа дека секогаш треба да носам сјај за усни, кога и да се видам со момчето што ми се допаѓа, бидејќи влажноста на усните ќе го поттикнува да мисли за влажноста на “моите други усни”. Не дека не е добар советот, но не знам зошто требаше да ми го каже толку директно.

Ако е изморен за секс, тој те изневерува и треба да го оставиш

Еден ден, кога се вратив од училиште (бев само 9 години) ја видов баба која седејки во својата соба ми рече: “Само запомни душо, ако мажот некогаш ти каже дека е изморен за секс, тоа значи дека спие со друга. Остави го”. Веројатно имаше некаква врска со серијата, која ја гледаше, а кога пораснав сфатив што сакаше да ми каже.

Сексот е најдобриот дел од бракот

Кога требаше да се омажам, баба ми купи бела долна облека и убава секси ноќница. А кога се омажив, ми кажа дека често треба да имам секс со мажот, бидејќи тоа е најубавиот дел од бракот. Рече дека почесто треба да уживаме еден со друг.

Должината е важно само стоејќи

Баба ми призна дека должината е важна само додека стоиме, ако ме разбирате. Јас не се согласив со неа. Дури имавме и долготрајна дискусија, а бев само 11 години.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.