ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пред да се пожалиш на своите деца, сети се на оние кои ги сакаат, но не можат да ги имаат

Била еднаш една девојка која себе си се мразела затоа што била слепа. Ги мразела сите освен своето сакано момче, кој секогаш бил покрај неа. Му рекла: „Кога само би можела да го видам светот, би се омажила за тебе!“.

Еден ден некој донирал очи за неа. Кога операцијата завршила и кога и ги отстраниле завоите, можела да види се околу себе вклучувајќи го и своето момче.
Тој ја прашал: „Сега кога го гледаш цел свет, сакаш ли да се омажиш за мене?“

Таа го погледнала и воочила дека тој е слеп! Глетката на неговите затворени очни капаци ја шокирала. Не го очекувала тоа. Самата помисла дека би морала да ги гледа цел живот ја натерала да одбие да се омажи за него.

Тој си заминал во солзи и неколку дена подоцна и напишал писмо: „Добро чувај ги своите очи, душо моја, бидејќи пред да станат твои-тие очи беа мои!“.

Еве како човечкиот мозок најчесто работи: Ретко кој после некое време се сети каков бил животот порано, кој секогаш бил тука за нас, во најтешките ситуации…

И денес:

-Пред да кажеш некој грозен збор, сети се на оние кои не можат да зборуваат.

-Пред да почнеш да се жалиш на вкусот на храната, сети се на оние кои немаат што да јадат.

-Пред да почнеш да се жалиш на својот маж/жена, сети на оние кои го молат Бога да им ја подари саканата личност.

-Пред да се пожалиш на животот, сети се на оние кои рано останале без своите животи, кои починале прерано.

-Пред да се пожалиш на своите деца, сети се на оние кои ги сакаат, но не можат да ги имаат.

-Пред да почнеш да се караш со оној кој не ја исчистил куќата, сети се на оние кои живеат на улица.

-Пред да почнеш да осудуваш некој, сети се дека никој не е безгрешен.

-И на крај, кога лошите мисли почнат да те фрлаат во депресија, ти стави ја насмевката на своето лице и кажи УШТЕ СУМ ЖИВ, УШТЕ СУМ ТУКА, И ЗАБЛАГОДАРИ МУ СЕ НА БОГ ЗА СЕ!

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.