ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Платила 80 долари за фризура – кога видела што ѝ направиле за малку ќе заплакала

Австралијанката Дени Дрејпер во средата посетила фризерски салон, со цел да ја освежи бојата на косата и да ги потстриже врвовите. Меѓутоа, посетата на фризер прераснала во тотална катастрофа.

Имено, фризерката некако успеала нерамномерно да ѝ ја потстриже косата по што несреќната Дени завршила со неколку центиметри пократок дел.

Таа сфатила што се случило откако го напуштила салонот и тргнала да ѝ испрати фотографија од новата фризура на својата пријателка. Дени претходно ја замолила фризерката да ја фотографира, а таа не ѝ споменала ништо иако за фризурата ѝ наплатила 80 австралиски долари.

“Само што не заплакав”, раскажала 26-годишната девојка за “Daily Mail”. Таа се вратила во салонот и барала да ја поправат грешката, по што ѝ предложиле само да ѝ ги вратат парите.

Дени отишла во друг салон за да ја поправи штетата, а поради тоа морале да ѝ ја скратат косата многу повеќе отколку што таа сакала.

Својот бес го споделила на Фејсбук, по што ја контактирале од салонот и ѝ рекле дека таа “не ѝ дозволила на фризерката да ја доврши нејзината фризура”. “Како тогаш го напуштив салонот и ја платив сметката?”, напишала Дени.

Под нејзината објава искоментирале многу жени кои доживеале слични непријатни ситуации во истиот салон.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.