6 C
Skopje
недела, јули 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Овие работи на девојките им се поважни од големината на пенисот?

    Доколку и вие сте од оние момци кои мислите дека на девојките во една врска најважна им е големината на пенисот, тогаш се лажете.

    Момци, време е да поработите на самодовербата и на овие 10 работи:

    Чистота

    Чистите и миризливи чаршави, убавата постелнина и квалитетната долна облека се дел од работите на кои морате да обрнувате внимание кога ја повикувате девојката во вашата соба. Верувале или не, но токму чистиот и уредно среден кревет е втората работа која ја возбудува жената.

    Тело

    Жените обожаваат мажи чии раменици се поголеми од обемот на струкот, па така обрнете внимание на овој предел од телото. Во никој случај нема да ја привлечете со голем стомак, што значи време е за физичка активност.

    Помош во домот

    Доколку живеете заедно, тогаш верувајте дека поважно од големината на вашиот полов орган и е помошта околу домашните работи. Штом ве види како миете садови, бидете сигурни дека за тоа ќе бидете наградени.

    Секси играчки

    Не е тајна дека жените сакаат да експериментираат во сексот исто толку колку и мажите. Овие секси играчки ја подигнуваат самодовербата, затоа е најдобро да ги употребувате заедно.

    Издржливост

    Предвремената ејакулација е проблем на многу мажи, а таа се јавува во одреден период од животот. Но, постојат разни помагала и видови кондоми кои ќе успеат да го продолжат сексуалниот однос. Само бидете упорни.

    Висина

    Ако сте високи над 180cm воопшто да не се грижите, бидејќи го исполнувате критериумот на многу жени. Секако, ако сте пониски не значи дека треба да очајувате, туку да поработите на изгледот на телото.

    Јазик

    Повеќето жени сметаат дека големината на половиот орган не игра никаква улога во сексуалниот живот, сѐ додека нивниот партнер умее да им пружи орално задоволство.

    Приврзаност

    Жените кои се во цврста и сериозна врска побрзо доаѓаат до оргазам, за разлика од оние кои повремено ги гледаат партнерите и немаат дефинирана врска.

    Страст

    Сексот е многу подобар ако се заснова на страст и взаемни чувства помеѓу партнерите. Тука големината на пенисот не игра никаква улога, бидејќи задоволството се остварува на други начини.

    Комуникација

    За квалитетен секс најважна е комуникацијата. Преку разговор дознајте што партнерот, односно партнерката сака и бидете отворени. Искрените разговори се клуч за успехот на врската, а не големината на пенисот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.